Министерот Ивановски на роуд шоу во Израел

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 26 до 30 декември 2014 година, се наоѓа во работна посета на Израел. Тој ќе оствари средби и разговори со најголемите ИТ компании во оваа земја, како и со претставници на компании од областа на истражувањето и развојот.

Во рамките на владините роуд шоу активности, министерот Ивановски ќе ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за привлекување на странски инвестиции.