Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани со нова премиера

КУД „Дримкол“ од Вевчани 2014 година ја заокружува со активност на Патувачкиот театар „Поклонисе и падни“ кој утре, 28- ми декември (недела) ќе ја реализира премиерата на театарската претстава за децаи млади „Јованче и Марика“.Режијата е на Душко Кукоски, а во претставатаиграат: Славе Бебекоски, Давор Бетоски, Ева Костојчиноска, Зорица Мурџеска, Наташа Ташкова, Стефан Попаѓиноски. Музиката ја направи Перо Пешиноски, а техничката екипа која работи на претставата ја сочинуваат: Кирил Бебекоски, Ристе Костојчиноски, Томче Шутиноски. „Јованче и Марика“ доаѓа по „Жорж Данден“ од Молиер, а од КУД „Дримкол“ најавуваат и нов театарски проект.

„Особено ми е драго што во оваа претстава главните ликови Јованче и Марика ги толкуваат млади деца од Вевчани на возраст од 10 години кои покажааголем талент и сериозност во работата, а тоа значи дека Патувачкиот театар „Поклонисе и падни“ добива и подмладок во актерската екипа. Целта на оваа претстава е да се задоволи најмладата публика во Вевчани, но верувам дека имладите и возрасните подеднакво ќе уживаат. Претставата изобилува со многумузика, игра, динамични сцени и праќа една сериозна порака за љубовта ипочитта помеѓу најверните другари во животот-братче и сестриче,“ вели режисерот на претставата Душко Кукоски.

Инаку, Кукоски е долгогодишен член на КУД „Дримкол“ Вевчани, активно учествува во работата на фолклорниот ансамбал, а јасно забележливи се и неговите актерски остварувања во многу досегашни театарски проекти на Патувачкиот театар во Вевчани во кој театар ова му е негово второ режисерско дело кое доаѓа после претставата Црвенкапа и збунетиот волк.