ЈП „Охридски Комуналец“ спремно го дочека првиот снег

Следејќи ја временската прогноза и најавите за снежни врнежи и ниски температури, ЈП „Охридски Комуналец” спремно го дочека првиот снег.

„Сoгласно задолженијата кои ги има и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2014/2015 год.“, екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени беа абразивни средства и беа дефинирани улиците по кои ќе се делуваше според приоритет.“– велат од претпријатието.

Деновиве превентивно беа посипани уличките во стариот дел од градот со абразивни средства.

2312202_cr