Соопштение до родителите кои имаат згрижено деца во охридската градинка

Од охридската детска градинка „Јасна Ристеска“ денес преку медиумите со соопштение до родителите дека утре доколку има струја градинката ќе работи со нормално работно време, доколку во одредени населби нема струја, децата ќе бидат згрижени во објектите каде ќе ја има.

„Од 6:30 часот ќе има дежурни во сите објекти, ако е се во ред ќе ги згрижуваат децата, ако не ќе ги упатуваат таму каде ќе нема проблеми. Доколку бидат згрижени и се појави некој непредвиден проблем ќе бидат повикувани по телефон да си ги земат дечињата.“- вели директорката Розе Костеска.

Денес до попладневните часови беше саниран поголемиот дел од проблемите како скршени гранки, расчистување на снегот од патеките и приодите и други проблеми.

„Направивме екипа која работеше додека не падна мрак.“- рече Костеска и додаде:

„Утре ако е се во ред Дедо мраз ќе ги посети дечињата од Лескоец во 10:30 и Велгошти во 12:00 часот. Среда ако ни дозволи времето од 12:00 часот ја започнуваме новогодишната програма на градскиот плоштад за да им ја честитаме Новата година на сите сограѓани и гости, со детски новогодишни песни и игри“ додаде Костеска.

WebOhrid