На патниот правец Кичево – Охрид кај планинскиот премин Пресека дозволен е сообраќај само за патнички моторни возила. Поради остатоци од снег, сообраќајот се одвива забавено и се препорачува внимателно возење и поседување на зимска опрема во возилата.
ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: На патнитe правци Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка, Тетово – граничен премин Јажинце, Стража, Дебар – Струга, Ѓавато и Струга – граничен премин Ќафасан.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет паѓа на планинските премини Стража, Пресека и Плетвар, во Битола, Македонски Брод, Железнец, Удово, како и на зимскиот пункт Кула.