ОО на СДСМ Охрид упати новогодишна честитка до своите сограѓани.
„Почитувани граѓани,
Нека со заминување на 2014 година зад нас останат сите грижи , неправди , понижувања и сите намерни или ненамерни грешки кои беа направени во неа , а со доаѓање на Новата 2015 започне реализацијата на сите наши очекувања.
Посакуваме Новата 2015 Година да биде поуспешна , побогата , подарежлива и исполнета со реализација на сите Ваши очекувања . Животот во Новата Година нека Ви биде исполнет со подобри моменти и најважно од се да сте здрави и живи , да нема страдни и гладни , да живееме во мир и спокој ,Охрид да биде најпосакувана дестинација за многу странски и домашни туристи , Македонија конечно да зачекори кон патот на развиените држави , во светот да нема страдања , болести и војни . Секој да живее достоен живот!
СРЕЌНА НОВА 2015 ГОДИНА !“- стои во честитката.