Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, изнесува 102.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (9.6%), Градежништво (6.6%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5.5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.4%), Образование (5.1%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.8%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2014 изнесува 31 847 денари. Во октомври 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.