Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ги известуваат родителите доколку не го имаат подмирено долгот заклучно со декември 2014 год. децата нема да бидат згрижувани во градинка.
Истовремено, оттаму соопштуваат дека поради драстично намалениот број на деца на петти, осми и деветти јануари 2015 година децата од сите објекти ќе бидат згрижувани во објектот „Централна“.