На патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража укината е забраната за тешки товарни возила. На патниот правец Охрид-Ресен преку планинскиот премин Буково укината е забраната за тешки товарни возила, но задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци). На патниот правец Охрид-Кичево преку планинскиот премин Пресека е укината забраната за сообраќај на автобуси. Исто така укината е и забраната за тешки товарни возила но задожителна е употреба на зимска опрема (ланци)..
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово – Дебар и Дебар – Струга.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури во утринските часови се забележува појава на голомразица.