Пресек на состојбите за снабдувањето со електрична енергија до 08:00 часот. Во општина Охрид без напојување со електрична енергија се селата: Опеница, Завој, Куратица, Речица, Плаќе и Свињишта. Во општина Дебрца екипи на ЕВН прават напори да ги приклучат селата кои гравитираат во оваа општина во дистрибутивната мрежа. Во општина Струга селата кои гравитираат во повисоките планински предели како што се Пискупштина, Нерези, Безево, Дренок, Вишни, Г.Белица, Мали Влај, Јабланица, Боровец, селата од Малесијата, Мислодежда, Брчево, Богојци се работи на отстранување на дефектот и овие села да добијат електрично напојување. Во општина Вевчани без напојување со електрична енергија е с.Вевчани. Во општина Дебар без напојување со електрична енергија се селата: Џепиште, Отишани, Горно и Долно Могорче, Горно и Долно Косоврасти, Гари, Осој, Селце и Тресонче. Во општина Центар Жупа без напојување со електрична енергија се селата: Бајрамовци, Баланци,Брештани, Евла, Броштица, Црнобаци, Долгаш, Мелничани, Елевци, Голем Папрадник, Горенци, Кочишта, Коџеџик, Осолница, Мал Папрадник, Новак, Оџовци, Пареши, Праленок и Житинени. Во општина Битола без струја се селата: Драгош, Кишава и Граешница. Екипи на ЕВН се на терен за отстранување на дефектот. Во општина Демир Хисар има прекини во снабдувањето со електрична енергија во Суво Грло , Радово, Брезово, Зашле-Демир Хисар. Во општина Ресен без напојување со електрична енергија се следните населените места: oд с.Рајца до Долно Дупени (9 села), oд Отешево до Стење (3 села), oд Јанковец до Kрушје (5 села). Поради дефекти на електро мрежата не е во функција и ПТТ сообраќајот во наведените села. Во Мавровскиот регион 16 населени места се без електрична енергија, од ЕВН се прават напори да се санира дефектот.