Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска изврши увид на терен за проодноста на патниот правец од превојот Стража кон Кичево, превојот Пресека спрема Охрид.
Направениот увид е со цел да се увери во проодноста на овој магистрален пат, како и да ја утврди подготвеноста и мобилноста на надлежните служби, согласно временските услови и најавите од УХМР.
Министерoт Јанакески, придружуван од претставници од Македонија пат, направија обиколка при што констатираа дека патот е во добра состојба за моменталните временски услови и истиот е прооден.
Изминативе неколку дена овој патен правец беше и се уште е во фокусот на внимание од страна на надлежните служби како и од страна на Кризниот штаб кој се состанува секојдневно, координирајќи се околу времнеските неприлики кои ја зафатија нашата држава со изразен степен на алармантност посебно во западниот дел земјата.
Од УХМР прогнозата навестува, студено време проследено со снег на планините, но со умерен интензитет.
Министерот Јанакиески апелира до возачите максимално да ги почитуваат препораките од надлежните служби и изјавидека Кризниот штаб континуирано ќе се состанува и постојано ќе се следи ситуацијата на терен.