Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани

Со свечена приредба подготвена од учениците и нивните наставнци, денес во Основното училиште „Св.Наум Охридски“, во Пештани се одбележа патрониот празник на училиштето.

Беше извршено и осветување на фреската на Св. Наум, насликана од професорот по ликовно образование, Александар Патчев.

На осветувањето чиноначалствуваше парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.

WebOhrid/фото: Александар Гугоски