Од вчера вечер во функција е ставен новоизградениот 10 кВ далекувод во реканскиот крај со што напон доби трафостаницата Јанче. Селата: Косоврасти, Јанче, Галичник добија електрична енергијна, а интензивно се работи и во другите населени места во овој регион. Отстранети се дефектите и во најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион. Во текот на вчерашниот ден нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во с. Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа.
На санирање на прекините во снабдувањето со елкектрична енергија на терен работат над 230 електромонтери. Екипите ќе останат на терен се додека и најоддалечените места и последниот корисник не бидат снабдени со електрична енергија, а ќе бидат распоредени и дополнителни екипи за интервенции во нисконапопнската мрежа за време на претстојните божикни празници.