Припадници на повеќе организациони единици при СВР Скопје во содејство со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти и вчера (04.01.) на подрачје на СВР Скопје извршија контроли во вкупно 14 правни лица – угостителски објекти.
Притоа во пет угостителски објекти не се детектирани никакви неправилности: “ДУТУ ИНТЕРМЕЦО МКД ДООЕЛ“ на ул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“, ДТУ “ТАВЕРНА ЕЛИ ДООЕЛ“ -подружница гостилница ДУКАТ лоцирано на ул. “Димитрие Чуповски“, ДПТУ “ЈКЈ-2013 ДООЕЛ“ – кафе бар ДАВИДОВ на ул. “Петар Чајковски“, ДТУ “Попчев Сиј ДООЕЛ“ Скопје, кафе бар БАЈ-Д ВЕЈ со седиште на ул. “Павел Шатев“ и во угостителски објект “ПЈАЦА ЛИБЕРТА ДООЕЛ“ на ул. “Димитрија Чуповски“.
Исто така во угостителските објекти “ВОДЕНИЦА“, “Штала“, “СОКАЧЕ“ не беше извршена контрола бидејки објектите беа затворени, односно не се обавуваше дејност.
Во угостителскиот објект “ДПТУ ИНТЕР КОРП ДОО“ Скопје – кафе бар Круг на ул. “Јуриј Гагарин“од страна на УЈП не се констатирани неправилности, но од страна на ДПИ, констатирано е дека во затворената тараса се пуши за што е изречена глоба од 1.250 евра за правното лице и одговорното лице по Законот за пушење, а од страна на полициски службеници издадени се два платни налози спрема две физички лица од по 150 евра по Законот за пушење.
Потоа истоветно и во ДТУУД “СТЕНИК ДИОН ДООЕЛ“ Скопје-гостилница ДИОН лоцирана на ул. “Кеј 13 Ноември“, од страна на УЈП не беа констатирани неправилности но од страна на ДПИ беше евидентирано дека во моментот на контролата не поседува нормативи за послужување на храна за што издадено е задолжеие иститен да ги достави на ден 05.01.2015 год. во просториите на Државниот пазарен инспекторат, во спротивно следи постапка за порамнување согласно чл. 69 каде е предвидена глоба од 1.200 евра за правното лице и 300 евра за управителот, додека пак согласно Законот за угостителска дејност немало доказ за промена на категоризација на угостителскиот објект, па е изречена мерка – едукација.
Во контролата на “ТРЕНД ПЛУС ТУТУ ДОО“ Скопје на ул. “Никола Вапцаров“ исто така од страна на УЈП не беа констатирани неправилности, додека од страна на ДПИ беше констатирано дека во затворената тераса се пуши за што е изречена глоба на правното лице и одговорното лице во износ од 1.250 евра, а од страна на полициски службеници изречени се глоби од 150 евра на три физички лица затекнати како пушат во објектот-затворената тераса, за што им се издадени платни налози.
Во “ДУТ БАЈ ПАС ДООЕЛ“ Скопје- на бул. “Партизански Одреди“ при извршената контрола се утврдени неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат – пушење во објект – тераса која што е заградена со пластична фолија и покриена со тенда, односно херметички затворена од сите страни, за што од страна на ДПИ е издаден платен налог и изречена глоба во износ од 1.250 евра во денарска противвредност, а од страна на ПС издаден е платен налог за едно лице за сторен прекршок од Законот за заштита од пушење и изречена е глоба од 150 евра.
Во “ДТУУ СТУДИО ЏАТЕ“ лоцирано на бул. “Јане Сандански“ при извршена контрола од страна на инспекторите од УЈП беше констатирано неиздавање на фискални сметки и за истото беше изречена глоба во износ од 3.250 евра, од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице, како и Решение за забрана за вршење дејност во предметниот објект во времетраење од 15 дена.
Во “ДПТУ МЗ ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ДОО“ увоз-извоз Скопје-ресторан АРАБЕСКА Скопје лоциран на ул. “Никола Вапцаров“ј при извршената контрола од УЈП заради нерегистрирање на дневниот промет на фискален апарат изречена е глоба во вкупен износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице на правното лице во денарска противвредност, а од ДПИ поради констатиран прекршок од Законот за заштита од пушење изречена е глоба во вкупен износ од 1.250 евра за правното и одговорното лице.
Инаку во изминативе три дена вкупно беа контролирани 40 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 17 угостителски објекти од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од околу 40.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење им се изречени и на десетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби. Покрај ова на осум објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, освен во еден случај каде што од страна на ДПИ беше изречена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.