Божиќна честитка на Ротаракт Клубот – Охрид

 Ротаракт клубот од Охрид упати честитка до сите граѓани, по повод Рождеството Христово-Божиќ.

„Во предвечерјето на најубавиот ден во Христијанството, кога ангелите го најавија раѓањето на Единородниот Господов Син, Исус Христос, спасител на светот и олицетворение на победата на доброто на злото, дозволете Божјата милост низ отворена врата да влезе во вашите срца, и да ги обедини сите ваши мисли во една, за љубов, здравје, среќа и благосостојба на секое поле!

Божиќ е совршен момент да се прослави љубовта кон Создателот, и кон семејството, но и да се креираат спомени кои ќе траат вечно! Тоа е среќа, затоа што ја гледаме радоста во другите! Исус е најубавиот неопислив подарок на Бог, кој ние не само што го примаме, туку го споделуваме со останатите, не само денес, меѓутоа и во сите останати денови!

Христос се роди!“– се вели во честитката.