Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати телеграма со сочувство до францускиот премиер Валс.
„Почитувана Екселенцијо,
Дозволете во името на граѓаните и на Владата на Република Македонија, и во свое лично име, да Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство заради загубата на човечки животи предизвикана од варварскиот терористички напад во Париз.
Се молиме за спокој на душите на жртвите, а нашите мисли се со мислите на семејствата на жртвите и со целиот француски народ.
Република Македонија најостро го осудува овој терористички чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските вредности. Овој свиреп чин треба да не обедини уште повеќе во борбата против тероризмот во која Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес рамо до рамо со нашите сојузници и партнери каква што несомнено е и Република Франција.“- стои во телеграмата.