Претседателот на СДСМ, Заев со сочувство до францускиот амбасадор, државниот врв и редакцијата на Шарли Ебдо

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, по трагичен инцидент во Париз, во којшто се убиени новинари, полицајци, а има и повредени, упати телеграма со сочувство до амбасадорот на Франција во Р.Македонија, Лоренс Оер, до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс, до редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо, како и до граѓаните на Република Франција: „Изразувам длабоко и најискрено сочувство, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, за трагичниот настан во којшто се загубени човечки животи, а има и повредени.…

повеќе...

Телеграма со сочувство од Груевски до францускиот премиер Валс

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати телеграма со сочувство до францускиот премиер Валс. „Почитувана Екселенцијо, Дозволете во името на граѓаните и на Владата на Република Македонија, и во свое лично име, да Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство заради загубата на човечки животи предизвикана од варварскиот терористички напад во Париз. Се молиме за спокој на душите на жртвите, а нашите мисли се со мислите на семејствата на жртвите и со целиот француски народ. Република Македонија најостро го осудува овој терористички чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските…

повеќе...