Координативното тело со превентивни мерки за најавата од нови снежни врнежи

Превентивните мерки што треба да ги преземе ЈП Македонија пат на критичните патни правци со цел да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата беа во фокусот на состонокот на Координативното тело во Министерството за транспорт и врски по најавите од УХМР дека в недела попладне и в понеделник во земјава ќе има нов снежен бран.

На состанокот беше решено преку ЗЕЛС да се повикаат сите градоначалници директно да се вклучат во расчистување на сите патни правци за кои тие се надлежни и доколку имааат потреба да се обратат до надлежните институции за помош.

Од Кризниот штаб апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.

Според прогнозите на УХМР, в недела попладне и в понеделник низ цела Македонија ќе има нови снежни врнежи, но нема да бидат со интензитет како претходните.