Проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе ја претставува Македонија на годинашното 56. Биенале на уметноста во Венеција …
Станува збор за инсталација со три ѕида на кои архитектонски и математички е отсликана димензијата нацрквата „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново, од 12. век, во размер 1:2. Преку ова свое дело, двајцата уметници се занимаваат со вербата како емотивна и интелектуална состојба, но и како своевидна социо-патолошка анамолија.
Според комисијата која го направи изборот, „Ние сите сме сами во ова“ е квалитетно и современо осмислен проект, компатибилен со светските трендови, содржински и ликовно високо изграден, технички многу лесно изводлив, читлив за стручната јавност и пошироката публика.
„Авторите Иваноска и Чаловски нудат сериозен уметнички квалитет и иновативност, јасен и актуелен концепт, техничка изводливост, комуникативност со публиката и стилско толкување на модерната, современа македонска уметност“, истакна министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Проектот, додаде, е вклопен и во темата на годинашното Венециско биенале „Сите иднини на светот“ преку којауметничкиот директор Окви Енвезор симболично ќе ги обедини националните павиљони на 53 земји од целиот свет со што ќе се создаде релевантно средиште на актуелните глобални културни, политички и економски текови.
„Тематските определби на Иваноска и Чаловски – иконографијата и јазикот, архивираното и недокументираното,научното наспроти изворното познавање на нештата, го прават проектот несекојдневно визуелно и интелектуалноискуство за гледачот“, нагласи кураторката Маја Чанкуловска – Михајловска.
Ние сите сме сами во ова“ е создаван во повеќе етапи, а произлегува од силниот интерес за реконтекстуализирање насликарското дело на анонимниот автор – зографот од Курбиново во современите концепти за истражувачката иконцепт-базираната уметност.
„Инсталацијата ќе се доработи и ќе биде збогатена со дополнителни уметнички интервенции. При поставувањето, ќесе обидеме максимално добро да ја адаптираме спрема просторот што ќе ни биде понуден за да го извлечеме нејзниот квалитет во целост, а можеби и за да и дадеме некоја друга, поинаква димензија“, објасни авторката Иваноска.
Трите ѕида на инсталацијата кореспондираат со јужниот, источниот и северниот ѕид на црквата „Свети Ѓорѓи“, а западниот е изоставен – го симболизира влезот. На нив се наоѓа првото дело – минималистички ѕиден цртеж кој го отсликува фрескописот во црквата, изведен во современа технологија, но согласно стариот начин на цртање, со малтерна основа и апликација на пигмент. Во ѕидниот цртеж потоа, се инкорпорирани поединечни дела на Иваноска иЧаловски во вид на текст цртежи, хартиени конструкции и објекти.
Иваноска и Чаловски соработуваат од 2000 година. Имаат завидни уметнички остварувања дома и во странство, голем број самостојни и учества на групни изложби.
На конкурсот за Венециското биенале пристигнале пет проекти, сите од Националната галерија на Македонија. Комисијата изрази жалење за слабиот одѕив. Нејзините членови, како што рекоа, очекувале со свои проект да конкурира барем Музејот на современа уметност. Причините за ваквата состојба не ги посочија, но укажаа дека Министерството за култура можеби треба да апелира до институциите повеќе да работат во периодот меѓу две изложби.
Канческа – Милевска во овој контекст напомена дека конкурсите се секогаш отворени за секој што ги исполнува условите.
На Биеналето во Венеција што се одржува од 9 мај до 22 ноември, Македонија досега се претставувала шест пати.