Доколу има нов бран на врнежи од снег на територија на Р.Македонија во текот на утрешниот ден и во понеделник, како што е најавено, кординативното тело на Минстерството за транспорт и врски донесе нови мерки и доколку снегот е со голем интензитет ќе се воведе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните правци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно. АМСМ ги советува сите граѓани за задолжително поседување на зимска опрема во моторните возила и доколку им се потребни информации за состојбата на регионалните и магистралните патни правци да не контактираат на 155 55, а доколку им е потребна помош на пат или шлепување да не контактираат на 196. Сите граѓани кои имаат паметни телофони – достапна им е и нашата АМСМ мобилна апликација и веб страната на www.amsm.mk.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по суви коловози на пониските и влажни коловози на повисоките места.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.