Од угостителски објект од Велешта, приведени албански државјанки

На 11 јануари, во времето од 00,45 до 01,30 часот во с.Велешта, струшко, Полициската Станица од РЦ за ГР Запад и СВР Охрид, извршиле контрола во УО „Дипломат“, каде биле затекнати четири албански државјанки, кои престојуваат во РМ спротивно од целта на престојот.

Истите се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Во Угостителскиот објект за време на контролата едно лице од с. Велешта ги попречувало полициските службеници во вршењето на службените работи, по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.