Маж си ја прегазил сопругата со автомобил

Вчера во 18:20 часот во с.Радожда, струшко, В.Ш. од с.Враништа, струшко, заедно со својата сопруга М.Ш. (62) влегол во сопственото возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки (со намера да го стартуваат и да заминат) кое било паркирано во дворот на С.Г.

Откако не успеал да го стартува возилото В.Ш им рекол на С.Г. и М.Ш. да го истуркаат возилото по нагорнината за да може потоа да се спушти надолу и така да се обиде да го стартува. С.Г. и М.Ш. го туркале возилото, но истото почнало да се враќа наназад, а В.Ш. неможел да го сопре, бидејќи сопирачките не функционирале и ја прегазил М.Ш.

Од здобиените повреди истата на пат за Медицински центар Струга починала. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството.