Василичарски појадок во Локалната самоуправа

Вработените во Локалната самоуправа, традиционално и оваа година, денеска во просториите на Општина Охрид, на заеднички појадок ги бараа василичарските парички. Среќни пронаоѓачи беа Кире Думбалоски, Ернестина Маневска и Ванчо Јованоски.

Paricka20154852

Новите кумови, заедно со минатогодишните Томе Џамтоски и Елизабета Медароска кои го организираа појадокот, на вработените во Локалната самоуправа им упатија искрени честитки, со желби за успех, среќа, здравје и бериќет за целата година.

Paricka20154851