Нови василичарски кумови се Алачов, Момироска и Прангоски

Денес во општинската сала се организираше традиционалниот василичарски појадок, традиција што вработените во локалната самоуправа ја организираат неколку години наназад. Годинава најсреќни во барањето на паричките беа Кристина Алачов, Јасмина Момироска и Никола Прангоски. Појадокот го подготвија минагодишните василичарски кумови Елена Терзиоска, Димитрија Вревезоски, Виолета Лупеска и Симе Стефаноски.

повеќе...

Отслужена литургија во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“

Вчера на празникот Обрезание  на Господ Исус Христос и на светиот Василиј Велики, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а потоа беше отслужен и Молебен за благосотојба и благослов од Бога во Новата Година. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа.

повеќе...

Василичарската паричка за ЕленаТерзоска,Виолета Лупеска, Димитрија Вревезовски и Симе Стефаноски

Традиционално и оваа година вработените во општина Охрид имаа заеднички василичарски појадок, барајќи ги паричките. Најсреќни беа Елена Терзоска, Виолета Лупеска, Димитрија Вревезовски и Симе Стефаноски. Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Ернестина Маневска, Кире Думбаловски и Ванчо Јовановски. Општина Охрид на новите кумови им упатува искрени честитки, со желби за добро здравје, среќа и бериќет.

повеќе...

Вевчански карневал е подготвен за големата и уникатна василичарската прослава

Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот Василица, познат и како Стара нова година, во чии рамки традиционално се одржува и светски реномираниот фестивал на сатирата ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Годинава во рамки на оваа манифестација која ќе се одвива сѐ до 14ти јануари, повторно нѐ очекува еден од најстарите фестивали под маски, надополнет со атрактивната и богата дводневна музичка програма. Музичката програма на ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2016 започнува вечерва (вторник, 12 јануари), а ќе се одржува и утре (среда, 13 јануари) со посебно подготвениот дочек на Старата нова година, кој…

повеќе...

Света литургија за празникот Обрезание на Господ Исус Христос и Св.Василиј Велики

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Василичарски појадок во Локалната самоуправа

Вработените во Локалната самоуправа, традиционално и оваа година, денеска во просториите на Општина Охрид, на заеднички појадок ги бараа василичарските парички. Среќни пронаоѓачи беа Кире Думбалоски, Ернестина Маневска и Ванчо Јованоски. Новите кумови, заедно со минатогодишните Томе Џамтоски и Елизабета Медароска кои го организираа појадокот, на вработените во Локалната самоуправа им упатија искрени честитки, со желби за успех, среќа, здравје и бериќет за целата година.

повеќе...