ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно ги призна сите незаконски и нелегални дејствија што во свое време ги направи кај „Мауцкер“

Во врска со реакцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„СДСМ- Охрид со денешното соопштение јавно ги призна сите незаконски и нелегални дејствија што во свое време ги направи кај локалитетот „Мауцкер“.

Ако СДСМ има кратка меморија, за охридската јавност “свежи“ се сеќавањата од периодот кога директори од претходното локално раководство на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре на просторот кај “Мауцхер“, кој со одлука на градскиот Совет во доцните 90-ти години од минатиот век беше определен за времен простор каде исклучиво ќе се депонира градежен шут. Но директорите на СДСМ –Охрид понесени од желбата за лична и заработка на своите компањони, наместо да депонираат шут, нелегално депонираа отпад и ѓубре на овој простор.

Ако од СДСМ заборавиле, охриѓани паметат дека ВМРО- ДПМНЕ години наназад во неколку наврати јавно укажуваше за еколошката катастрофа кај “Мауцхер“ предизвикана од криминалните дејствија на раководствата од СДСМ . Охриѓани знаат дека ВМРО – ДПМНЕ во неколку наврати ги повикуваше државниот и општинскиот инспекторат за животна среднина да излезат на терен и да го констатираат еколошкиот хаос кој СДСМ го направи кај “Мауцкер“.

Денеска, ВМРО- ДПМНЕ им се заблагодарува на СДСМ –Охрид што јавно си го обелоденија своето криминално дело кое долги години наназад го правеа на локалитетот “Мауцкер“ и се чуди на нивната дрскост која не им дозволува да се срамат од своето злодело туку да се гордеат со истото.

И додека СДСМ се освести за злото што го направи во Охрид, локалното раководство на ВМРО- ДПМНЕ ќе го исчисти сиот отпад што во Охрид го остави оваа партија и ќе ја изгради индустриската зона “Мауцкер“.“- стои во реакцијата.