Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 2.1%, а реално за 1.9%). Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4.1%, а реално за 4.4%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 8.5%, а реално за 1.6%).