Меѓународна конференција „Охрид- Водици 2015“

Во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија од Скопје, во соработка со МИРАС-Организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот за аудио-визуелни уметности–ЕСРА и Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје и со подршка на општина Охрид, денеска во „ Куќата на Уранија“ започна дводневна Меѓународна конференција посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите.

Конференцијата на која учествуваат 75 експерти од 14 земји, ја отвори заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Ви упатувам искрена благодарност за изборот на темите за кои ќе дебатирате бидејќи тие се директно поврзани со приоритетите за развој на Охрид како културен и туристички центар.Локалната самоуправа има изготвени стратегии за локален економски развој, алтернативен и рурален туризам, а ги имплементира и другите стратегиии донесени на државно ниво, особено во областа на заштитата на културното и природното наследство“– рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Проф. д-р Рубин Земон кој е претседател на Програмскиот комитет за организација на конференцијата информираше дека во рамки на научните сесии ќе бидат презентуирани 63 реферати од областа на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите.

„Конференцијата е составена од осум сесии и има многу интересни теми. Пред се значајни за Охрид се рефератите за културното наследство и како истото да биде употребено во делот на туризмот, како и темите за локалниот економски равој во оние средини кои имаат потенцијал и каде што наслението може да добие економски бенефит,“ изјави Земон.Тој истакна дека од година во година се повеќе расте интересот на научната јавност за учество на оваа конференција.

Konferencija_Ohrud_Vodici_4851