Во црквата „Св.Никола- Геракомија“, денеска со верска цеременија, беше извршено примопредавање на Светиот крст меѓу ланските и годинашните кумови на големото црковно- народно чествување на „ Богојавление- Водици„ . Кумови за 2015 година се познатиот балкански музички уметник Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. Тие го презедоа кумството од старите кумови, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески.
„Им го честитам кумството на Жељко и Зоран и им посакувам се најдобро во оваа година, Господ да го благослови ова нивно кумство, да им даде многу позитивна енергија, здравје и среќа во нивните семејства, а секако им посакувам овие позитивни етички вредности да ги споделуваат со семсјтвото, со нивните пријатели и со нашите православни народи.“-изјави стариот кум на „ Водици“„ градоначалникот Никола Бакрачески.
Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, кој заедно со Зоран Милески се новите годинешни кумови за „ Богојавление- Водици“ рече дека му претставува чест и прилика во наредните денови да биде во Охрид на толку голем христијански празник и им се заблагодарувам на претходните кумови, неговиот голем пријател Никола Бакрачески и Зоран Милевски, неговиот, како што рече, пријател и брат.
„Многу ми се допадна празнувањето на „ Водици“ во Охрид минатата година. Седевме со градоначалникот Никола Бакрачески и зборувавме како целата манифестација овде се одбележува на многу убав начин. Се надевам дека од оваа година ќе прерасне во меѓународна и што повеќе луѓе ќе видат како овој народ овде ги негува хрисијанските вредности. По оваа света литургија денеска, секако дека се повеќе се чувствувам како охриѓанец“, рече Јоксимовиќ.
„На сите верници од православна вероисповед им го честитам празникот и им покасувам многу здравје и среќа, ним и на нивните семјства. Му благодарувам на градоначалникот Никола Бакрачески што ни го предаде Светиот крст нам како кумови. Голема е честа што станавме кумови на овој голем христијаански празник“– рече новиот кум Зоран Милески.
Претседателот на Здружението „ Богојавление“ Љупчо Арнаудов рече дека ја исполнуваат нивната големата цел, Охрид за „Водици„ да стане балкански центар на православието. Додаде дека ветиле дека за кум ќе донесат балканска ѕвезда и тоа го оствариле.
Одбележувањето на „ Водици“ вечерва, продолжува на градскиот плоштад со концерт на македонската поп дива Каролина Гочева. Утревечер, во рамките на петдневното празнување на „Богојавление- Водици“ , во „ Куќата на Уранија“ со почеток во 19 часот, на претседателот на Меѓународниот ПЕН, канадскиот писател и есеист Џон Ралстон Сол ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам.