Свети литургии по повод празникот Богојавление – Водици

Утре 18-ти јануари (недела), на Водокрст ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

На 19-ти јануари (понеделник), на празникот Богојавление-Водици ќе се служи света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.

Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро.

На 20-јануари (вторник), на празникот Собор на Свети Јован Крстител, света литургија ќе има во црквата „Свети Јован Богослов“ – Канео, со почеток во 8:30 часот.

Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.