Наставата во општина Дебрца ќе се одвива нормално

Наставата во Oсновното образование во општина Дебрца ќе се одвива во нормални услови во сите единаесет населени места каде што се одржува настава.

„Во врска со најавениот штрајк на СОНК од разговорот со Претседателката на СОНК во нашето Училиште, Ве известуваме дека на одржаниот состанок со наставниците не била подржана одлуката од Раководството на СОНК за одржување на штрајк.“ – вели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Исто така на редовниот состанок пред почетокот на второто полугодие од учебната година со Директорот на Основното училиште Дебрца, Иван Димоски беше заклучено дека нема проблеми околу одржувањето на наставата во однос на греење и превоз на учениците.

„Според овие заклучоци во вторник 20-ти јануари ги повикувам родителите да ги пуштат своите деца на настава во училиштата.“ – додава Трајкоски.