Припадници на ПС од ОН Кичево во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера (17.01), извршија акциска контрола во седум угостителски објекти на подрачјето на Кичево (“Маестро”, “Висаж”, “Вола”, “Малоо”, “Ериони”, “Бела Кула-Ком“, “Фиредевс-Трејд”).
Притоа во контролите е констатирано следното: Во кафе бар “Ериони” од страна на ДПИ изречена е глоба по основ на Законот за заштита од пушење и тоа во висина од 2.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице, како и една глоба од 150 евра за едно физичко лице затекнато со цигара во локалот.
Потоа во кафе бар “Бела Кула-Ком” од страна на ДПИ поради немање нормативи за храна и пијалоци изречена глоба од 1.200 евра на правно лице и глоба од 300 евра на одговорно во правно лице, а пак од страна на УЈП поради немање фискален апарат изречена е глоба од 3.250 евра во денарска противвредност (2500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице), како и времена мерка – забрана за вршење дејност од 30 дена. И во кафетерија “Фиредевс-Трејд” исто така поради немање норматив за храна и пијалоциизречена е од страна на ДПИ глоба од 1.200 евра на правно лице и глоба од 300 евра на одговорно во правно лице а пак од страна на УЈП поради неводење книга за дневен финансиски извештај изречени се глоби од 2.000 евра за правното лице и 800 евра за одговорно во правно лице.
Сумарно на подрачјето на СВР Охрид во изминативе три дена (во Охрид, Струга Кичево и Дебар) извршени беа контроли во 36 угостителски објекти при што во 11 од нив беа констатирани неправилности од страна на УЈП и ДПИ. Притоа без изречени глоби во висина над 35.000 евра, а изречени беа и шест времени забрани за вршење дејност три во траење од по 15 дена и три во траење од по 30 дена. Исто така на пет физички лица затекнати со цигари во локалите од страна на УПС им беа изречени глоби од по 150 евра.