Индекси на прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, изнесува 120.5. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2014, во однос на ноември 2013 година, бележи опаѓање од 1.8%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 28.2%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи опаѓање од 14.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 22.3%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 120.6%, Капитални производи за 79.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.3%.

Индексот на прометот во индустријата во ноември 2014 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 93.3, додека во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на периодот јануари-ноември 2013 година, изнесува 115.1.