Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места.
Меѓу повеќето скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше дваесет годишниот Никола Цветкоски.
Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.
Инаку, годинава за првпат, фрлањето се одржа пред црквата Света Недела во Долно Коњско.
WebOhrid