На пригодна свеченост, вечерва претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев на Амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Мартин Безак и на Стојан Лекоски им врачија благодарници за нивната заложба за изложувањето на иконите кои општина Охрид и ги подари на градот Терхова.
За време на културната манифестација „Денови на св. Кирил и Методиј“ која се одржува во Терхова, подарените икони од Св. Климент и Св. Наум беа поставени на олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј.
Пријателските односи и културната соработка помеѓу двата града македонскиот Охрид и словачкиот Терхова ќе продолжат и во иднина.