Според истражувањата на SBRG геоглифот во Македонија можеби е поврзан со кралско семејство

Мултидисциплинарните студии на геоглифот кој се наоѓа на ридот Канда во Овче Поле, откриваат серија на неверојатни карактеристики на античките структури, вклучувајќи вештачка изградба на ридот за астрономско усогласување со соѕвездието Касиопеја, што може да укажува на врска со македонски член од кралско семејство.

Истражувањето беше спроведено од страна на Истражувачката група на СБ (SBRG), меѓународен и интердисциплинарен тим на истражувачи (од Италија, Хрватска, Србија, Финска и Велика Британија), кои ги комбинираа астрономијата, филозофијата, митологијата, математиката и физиката во студијата на древни локалитети и храмови во Европа.

SBRG комбинираше повеќе методи, вклучувајќи и инфразвук/ултразвук истражување, АМТ мерења, синтеза на бинарен алгоритам од аудио бранови, за студирање на античкиот геоглиф и рид, кој се наоѓа во близина на градот Свети Николе. Ридот е издигнат во облик на јајце, совршено ориентиран север-југ, со димензии од околу 85 метри на 45 метри, а на врвот од ридот се наоѓа геоглифот како голем симбол.

„Целата структура, со својот облик и симболизам, личи на космичко јајце – извор на исконско создавање“, – стои во извештаите на истражувачкиот тим во трудот со наслов „Археоакустична анализа на античкиот локалитет Канда (Македонија)“.

Во нивниот извештај стои: „бидејќи почвата не се совпаѓа со околината, тоа сигурно кажува дека ова ритче е внимателно конструирано со одредена цел. Што точно е таа цел треба и понатаму да се истражува во иднина“.

Истражувачкиот тим открил дека геоглифот е подреден во соѕвездието Касиопеја кое лежи директно на север и стои вертикално над геоглифот во зенитот на небото на изгрејсонце на 21/22 јули (датумот на раѓање на Александар Македонски). Касиопеја прави полн круг околу Поларис (поларната ѕвезда) секој ден и вертикалното порамнување со Поларис се совпаѓа со изгрејсонцето на денот кога се верува дека е роденденот на Александар Македонски.

Фасцинантните откритија на геоглифот на Канда фрли нова светлина врз оваа мистериозна градба. И додека откритијата подигнуваат се повеќе прашања отколку одговори истражувачите веруваат дека, земени заедно, наодите укажуваат на тоа дека насипот може да биде гробното место на една многу важна личност од македонската историја.

WebOhrid