Делегација од градот Баку од Азербејџан во коа беа академик Гафир Јабиев, потпредседател на Советот за радиодифузија, академик Кубра Алиева, директор на Институтот за археологија при Азербејџанската академија на науките и уметностите и проф. д-р Фериз Кјалили, директор на организацијата за промоција на културното наследство и туризмот, денеска ја посетија Општина Охрид. Проф. д-р Рубин Земон од Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, информира дека тие учествуваа на третата Меѓународна конференција посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите.
Домаќините, заменик-градоначалникот Ангел Јанев, членот на Советот Иљат Ибраим, помошник раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ирена Здравеска – Спасеска и Горан Патчев од Завод и Музеј, ги запознаа гостите со тековните активности и плановите за промоција на туризмот и локалниот економски развој. Беше ставен акцент на мерките за зголемувањето на бројот на странските гости, како што се субвенционирањето на авио-летовите и туристичката такса во приватното сместување од мал обем.