Времето утре во Македонија, во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а на планините со слаб снег. По котлините ќе има магла и ниска облачност, а во некои котлини со намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 4 до 14 степени.
Во четврток кон крајот на денот и за време на викендот Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе услови претежно облачно време со врнежи од дожд.
Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во петок кога локално ќе дува и засилен јужен ветер.
Од недела ќе се спушта постудена маса од север која во ноќта кон понеделник ќе услови врнежите од дожд на некои места да поминуваат во снег.