Постапка за утврдување на листа на воздухопловни стручњаци за 2015 година

Согласно членот 137 од Законот за воздухопловство, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе спроведе постапка за утврдување на листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година.

Критериумите за исполнување на условите за впишување во листата на воздухопловни стручњаци се утврдени со Правилникот за критериумите за овластување на лица за испитувачи во листата на воздухопловни стручњаци (Службен Весник на Република Македонија бр. 44/2007).

Потребно е заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните услови да достават апликација/барање за впишување во листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година, најдоцна со 15.02.2015 година на адреса:

Агенција за цивилно воздухопловство
Ул.Даме Груев бр.1
1000 Скопје

Апликациите можат да бидат доставени и по електронси пат на e-mail: lic.med@caa.gov.mk

Кандидатите за испитувачи за пилоти на авиони/хеликоптери потребно е да ги исполната условите од правилникот JAR FCL 1/2 и да пополнат образец ЛС-1,
Кандидатите за испитувачи за пилоти кои не се опфатени со JAR FCL 1/2 , како и кандидатите за испитувачи за останатиот воздухопловен стручен персонал го пополнуваат образецот ЛС – 2.

Наведените обрасци се достапни на официјалната web-страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

За дополнителни информации во врска со наведената постапка – Одделение за дозволи и воздухопловна медицина, телефон 02 3 18 16 40, 02 3 18 16 37 или на e-mail: lic.med@caa.gov.mk.

Известување за листа на воздухопловни стручњаци за 2015 година

Образец ЛС-1

Образец ЛС-2