Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (61) од Дебар.
Пријавениот во периодот од 2007 до 2011 година, на улицата „8 септември“ во Дебар узурпирал 24 м² недвижен имот – земјиште од катастарска парцела бр. 7927 за КО Дебар-2 сопственост на Република Македонија.
Тоа го направил со намера за владение на недвижниот државен имот и со цел да го употреби за градба на деловен објект. Бесправно изградениот деловен објект на узурпираниот имот, пријавениот потоа го припоил кон сопствениот објект што се наоѓа на катастарската парцела број 7926 за КО-Дебар 2.
Узурпирајќи го недвижниот имот, пријавениот Б.П. се стекнал со противправна имотна корист во површина од 24 метри квадратни, а на штета на Република Македонија.