Македонија-Албанија: Воените генерали не чекаат како НАТО сојузници

Во Елбасан, во присуство на првите луѓе на сојузите на албанските воени старешини – ветерани и на македонскиот Сојуз на ветераните од одбраната и безбедноста, генералите Колонел Кондури, односно Филип Котели, потпишан е Меморандум за соработка измеѓу ветераните од административниот центар Елбасан со околиите: Елбасан, Грамши, Либражд и Пеќин и ветераните од Здружението за Охрид, Струга и Дебар. Документот го потпишаа претседателите на ограноците за Елбасан – генерал Томор Аслани и неговиот колега за регионот на Охрид, Струга и Дебар – полковник Добре Вељаноски. „Ќе се помагаме и ќе се поддржуваме…

повеќе...

Од понеделник започнува вакцинацијата против сезонски грип

Како и секоја година и оваа година Центарот за јавно здравје Охрид презема низа активности кои што се насочени кон превенција, односно заштита на населението од сезонски грип. За оваа година набавени се 3 илјади вакцини за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар каде што и ќе се врши вакцинирањето од страна на епидемиолошките екипи на Центарот за јавно здравје кои што почнувајќи од понеделник 16ти октомври, ќе вршат редовно вакцинирање на сите оние кои што се заинтересирани, кои што сакаат да дојдат во амбулантите на Центарот за јавно здравје…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Центар Жупа поради незаконит риболов

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, полициската станица од Дебар поднесе привична пријава против С.И. (31) и И.О. (26), двајцата од селото Долгаш, општина Центар Жупа. Пријавените, казненото дело го сториле на четврти овој месец во 00.50 часот во водите на Дебарското езеро. Тие биле забележани во незаконит риболов од концесионерот на Дебарското езеро а потоа затекнати од полициските службеници. При извршената контрола, кај пријавените пронајдени се и одземени еден чамец марка „Интекс-Еxплорер 400“, една мрежа во должина од 400 метри и четири парчиња уловена…

повеќе...

Жител од Центар Жупа заработи кривична поради предизвикување општа опасност

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Д.Д. (69) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Во текот на изминатите месеци, кај месноста „Парешки кории“ во близина на селото Баланци, пријавениот, неовластено извршил ископ околу два бетонски столба за пренос на електрична енергија од 10 киловолтен далековод од кој, со електрична енергија се напојувале општината Центар Жупа, неколку индустриски капацитети како и селата во регионот. Со така извршеното опасно дејство, пријавениот значително ја нарушил стабилноста на бетонските…

повеќе...

Кривична за жител од Дебар поради пустошење шуми и кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“ и “кражба на дрва“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Н.К. (36) од Дебар. Пријавениот, во периодот од 20 до 22 јануари оваа година во атарот на селото Бомово поточно кај „Бомовските гробишта“, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел шест дабови дрва сопственост на Република Македонија во количина од 3,37 метри просторни со што направил штета во вредност од 23.590 денари. Во периодот од 23 јануари до 27 јануари оваа година, пријавениот исто така…

повеќе...

Малолетник од Дебар го загуби животот во сообраќајна незгода

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово во 01 часот и 15 минути се случи на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар. Од здобиените повреди, на лице место починал Р.Р. (17) од Дебар. Со тешки телесни повреди се здобил Е.Ј. (17) од Дебар кој поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар во Скопје. Во општата болница во Дебар е хоспитализиран Е.К. (18) кој има телесни повреди. Сообраќајната незгода се случила кога, сега тешко повредениот Е.Ј. по улицата „Вељко Влаховиќ“ кон излезот од градот, без…

повеќе...

Жена растргната од глутница кучиња скитници

Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако претпладнево беше нападната од глутница кучиња скитници. Таа се здобила со тешки телесни повреди откако денес во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил денес во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри одддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела. По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен…

повеќе...

Татко три месеци ја силувал малолетната ќерка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „родосквернавење“ полициската станица Дебар, поднесе кривична пријава против 48 годишен жител на Дебар по што од страна на Основниот суд-Гостивар одредена му е мерка притвор до 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“-Скопје. Пријавениот на шести овој месец, во својот дом, насилно извршил обљуба врз неговата 14 годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден. Веднаш по добивањето на пријавата известен е Центарот за социјални работи од Дебар. Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејствија…

повеќе...

Двајца албански државјани осомничени за кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против албанските државјани Л.Л.(23) и Х.Х.(19) двајцата од селото Требиште. Против нив полициската станица од Дебар поднесе и прекршочна пријава поради илегален премин на државната граница. На 28 минатиот месец, пријавените биле затекнати на македонска територија во бесправна сеча на дабови, јаболкови и црешови дрва во шумски терен кај местото „Црвеница“ оддалечено на околу еден километар од границата. Во 10 часот и 30 минути, полициските службеници ги затекнале двајцата пријавени по…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Дебар поради давање поткуп

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање поткуп“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против М.Х. (39) од Дебар. На 14-ти септември оваа година, пријавениот-сопственик на индивидуал- на земјоделска фирма „Чифлик Мирзо“-Дебар, на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра. Настанот се случил во Дебар при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со растителни производи-пченка, луцерка и граор, за кои пријавениот до Агенција имал поднесено барање за субвенционирање. М.Х. знејќи дека има…

повеќе...