Клубовите кои се натпреваруваат во натпреварите во организација на ФФМ од сите возрасни категории мажи и жени мора да имаат соодветно лиценциран доктор, односно физиотерапевт.
Без соодветни лиценци издадени од ФФМ, според Правилникот за натпревари и Правилникот за здравствена заштита на ФФМ, докторот и физиотерапевтот не можат да седат на клупата за официјалните лица и резервните фудбалери.
Доколку домаќинот нема соодветно лиценциран доктор, натпреварот нема да се одигра, а домаќинот се санкционира според Правилникот и Пропозициите за натпревари и Дисциплинскиот Правилник на ФФМ.
За добивање на соодветна лиценца за службените доктори односно физиотерапевти кои поседуваат лиценци за 2014 година треба да се достават старите лиценци од 2014 година со барање од клубот за нова лиценца за соодветните доктори и физиотерапевти.
Доколку се бара лиценца по прв пат, клубовите треба да достават:
– Барање за соодветните доктори односно физиотерапевти, уредно заверено со печат од клубот и потпис од официјалниот претставник на клубот;
– Диплома за завршен медицински факултет за докторите и лиценца за работа од Лекарска Комора, а соодветна диплома за ССС за физиотерапевтите;
– По една слика формат лична карта за односниот доктор односно физиотерапевт;
Целокупната оваа документација да се достави лично кај Весна Јовков Секретар на Комисија за спортска медицина и антидопинг при ФФМ во просториите на ФФМ најдоцна до 16/02/2015 година.
Редовниот едукативен семинар за оваа година ќе се одржи во сабота на 14 февруари 2015 година со почеток во 11:00 часот.