Како да се развиваат веќе воспоставените одлични биалтерални односи помеѓу Македонија и Албанија и да се продлабочи соработката помеѓу двете министерствата за одбрана, беа темите на кои разговараа на денешната средба во Скопје министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и министерката за одбрана на Република Македонија Мими Кодели.
Министрите Јолевски и Кодели нагласија дека Македонија и Албанија остануваат на патот за борба против тероризмот и секаков вид закана што ќе биде упатена кон граѓаните и државите, како и во одбрана на деморкатските вредности коишто ги претставуваме.
Потенцирајќи дека врвен приоритет на Република Македонија останува полноправното членство во НАТО, министерот Јолевски изрази задоволство што Албанија, заедно со Хрватска, како земји-членки на Јадранската повелба, се силни поддржувачи на македонските аспирации за членство во Алијансата.
„Република Македонија ги исполни целосно условите за членство во НАТО, но од познати причини не ја добивме поканата. Ќе продолжиме со нашите активности и претставување на аргументите зошто Македонија треба да биде поканета во Алијансата. Сметаме дека проширувањето на Алијансата во ЈИЕ, вклучувајќи го и Балканот, претставува зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот“, изјави по средбата министерот Јолевски.
Министерката Кодели ја потврди за поддршката од Албанија за најбрзо можно полноправно членство на Македонија во НАТО.
„Посакуваме спорот за името што го имате со Грција да биде решен што побргу, но исто така и да се запази спроведувањето на Рамковниот договор, како што беше споменато на Самитот на Алијансата во Велс,“ рече Кодели.
Јолевски и Кодели најавија и одржување заедничка воена вежба на границата на Македонија и Албанија, како нов квалитет во соработката меѓу двете министерства за одбрана.
Министрите за одбрана Јолевски и Кодели потпишаа Меморандум за разбирање за размена на експерти, со кој меѓу другото се овозможува обука на кадри од албанското МО во регионалниот Центарот за односи со јавноста на НАТО во Скопје.
Завршен процесот на регистрација на (.мкд) доменот
Почетна Програма Влада Прес центар