Украдени садници на ул. „Димитар Влахов“

Во раните утрински часови по дрворедот на улица „Димитар Влахов„ повторно е забележана кражба на садници. Кражбата е забележана од страна на одговорните работници за одржување на јавното зеленило кои за жал континуиран период ја евидентираат оваа деструктивна појава каде несовесни граѓани само на оваа улица украле украсни грмушки: 40 зеленики  од видот букус и 38 од видот елата.  Појавата на кражба на садници е забележана и на новата пешачка патека од каналот Студенчишта до Горица, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Додаваат дека претпријатието е принудено да ангажира обезбедување за  да се пронајдат сторителите.

„На тој начин се надеваме ќе имаме поголем респект кон вложените средства и труд за разубавување на градот.“– велат оттаму.

dim1

вака изгледа хортикултурното катче  покрај дрворедот од лигуструми по извршената кражба на садници

dim22

Зошто да се крадат садниците кога може да изгледа вака?