Утре, во просториите на работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ започнуваат предавањата по бесплатните курсеви по англиски , германски јазик и информатика што по претходно распишан конкурс градоначалникот Никола Бакрачески ги додели на 34 невработени лица и студенти од општина Охрид.
Од бесплатните курсеви 14 се по англиски 16 по германски јазик и 4 курсеви по информатика.
Износот за еден курс по англиски и германски јазик е 2 000 денари односно за 30-те курсеви по овие два странски јазика општината предвиде 60. 000 денари.
Износот за еден курс по информатика е 1 500 денари односно за 4-те курсеви се издвоени 6 000 денари.
Ова значи дека од својот буџет општина Охрид за бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика издвоила 66. 000 денари.