Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“

Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.

повеќе...

На 21ви септември стартува нов циклус „Час за детски приказни на англиски јазик“

Црвен крст Охрид го најавува почетокот на новиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 21.09.2017 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б и УЕФА А тренерска диплома

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа; УЕФА Б и УЕФА А. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или потврда од ОФС…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или…

повеќе...

Започна реализацијата на курсот по основни познавања од електро струка

Во насока на зајакнување на локалниот економски развој, стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид во соработка со Општинската јавна установа „Кузман Шапкарев“ од 30 јуни започна со стручни обуки на 11 невработени лица во делот на електро струката. Претходно, одделението за локален економски развој преку анкетен прашалник доставен до фирмите, ги доби конкретните емпириски податоци ,а преку методот на анализа со кој се разделуваат различните образовни профили и степенот на образование доби релевантни податоци за обемот на побарувачка на работна…

повеќе...

Курсот на еврото падна под 1,06 долари

Курсот на еврото на светските девизни берзи неделава ја заврши на ниво од под 1,06 долари, што е претставува најниска вредност на европската во однос на американската валута во последниве седум месеци. Во очекување на одлуката на американката Управа на федералните рерзеви (Фед) за зголемување на основната каматна стапка и на Европската централна банка (ЕЦБ) за олабавување на монетраната политика, едно евро на светските берзи сега вреди 1,0590 долари, со што од почеток на неделава вредноста на заедничката европска валута се намали за 0,5 отсто. И во однос на јапонската…

повеќе...

Груевски: Досега доделени над 32.000 ваучери за студенти

Проектот за доделување ваучери за таблети со тастатура за студентите чии родители се со пониски примања практично може да се каже дека заврши, и вкупно беа доделени 5.243 ваучери за набавка на таква опрема. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец. „Со ваучерите во вредност од 8.000 денари студентите си набавија таблет со тастатура и тоа е од голема помош на сите студенти чии родители имаат пониски примања или пак се…

повеќе...

Општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени охриѓани

Со цел стимулирање на социјалната интеграција и побрзо вклучување на пазарот на трудот, општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени лица од Охрид за заварувачи, готвачи и машинисти- фини подесувачи на машини . За таа намена од својот буџет општина Охрид издвои 128 000 денари со што покажа дека во континуитет ја реализира обемната социјална политика. Изборот на струките и професиите за кои се наменети курсевите е определен по претходно направено анкетно истражувања во 25 фирми во Охрид, кои покажале дека најмногу потреба имаат од горенаведените профили. Бесплатни курсеви…

повеќе...

Утврден почетокот за УЕФА Б лиценца

Уписот за УЕФА Б курс е завршен и закажан е првиот семинар за периодот од 31.05 – 06.06.2015 во Спортскиот Комплекс на Хотел Истатов, со почеток во 12 часот. Упис за добивање на УЕФА А Диплома сеуште трае а терминот ќе биде дополнително утврден. Сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ: -Копија од важечка УЕФА Б Диплома -Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа. -Важечко лекарско уверение -Уплатница за…

повеќе...

Јога курсеви за бремени жени во повеќе градови во државата

Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, на 23 март одржа состанок со д-р Благоја Ѓорѓиески, претседател на Јога сојузот на Македонија и професори од Школата за обука на наставен кадар, Ванчо Тасески и Томе Биновски, потпретседател на Сојузот, на тема дефинирање на активности за почнување со зедничка соработка на Министерството за здравство и Јога сојузот на Македонија за организирање јога курсеви за бремени жени во повеќе градови низ Македонија.

повеќе...