Кривична пријава за охриѓанка поради уцена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уцена“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К. (49) од Охрид.

На 23 декември минатата година, пријавената, во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон, до В.Ш. од Охрид испратила смс пораки со цел преку него, од лицето А.Т. да оствари противправна имотна корист од 5000 евра.

Бидејќи А.Т. се наоѓал во притвор, пријавената, преку порака барала од В.Ш. да оствари контакт со братот на А.Т. и да му земе 5000 евра со цел таа, пред судот да даде исказ поволен за него.

Пријавената барала 3000 евра да и бидат веднаш исплатени, а 2000 евра на почеток на новата 2015 година.