Свети Григориј, епископ Ниски е брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса.
Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов.
Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено наострено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивен едномисленик, успеаа да го симнат Свети Григориј од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство тој помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања.
Најпосле се упокои во длабока старост, на крајот од 4 век, и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите.