Основци од „Христо Узунов“ утре во посета на спортски терени, објекти и клубови во Охрид

Во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови Охрид за популаризација на спортот, утре во периодот од 11:00-13:00 часот, во соработка со ОУ „Христо Узунов“, Охрид ќе се промовираат одредени спортски терени, објекти и клубови.

За таа цел ќе биде посетена спортска сала, големиот фудбалски терен и теренот за фудбал со вештачка трева при ЈП „Билјанини Извори“. Потоа ќе бидат посетени Кајак кану клубот„ Стрмец“ и Едриличарскиот клуб „Стрмец“.

Учесници се третите одделенија од ОУ„ Христо Узунов“ Охрид со нивните одделенски наставници и професори по физичка култура. Се очекува присуство на повеќе од 150 ученици.