Утре ќе биде отворена детска градинка во состав на ОУ „Кочо Рацин“ на ул.Радојца Новичиќ

Утре, 24-ти јануари (сабота), во 11:45 часот, Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески свечено ќе ја отворат детската градинка во состав на училиштето „Кочо Рацин“ на улица „Радојца Новичиќ“.