Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“ го објави Конкурсот за доделување на Државната награда за спортот „8 Септември“ во 2017 година.
Со Државната наградата „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.
Со Државната наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во Република Македонија.
→ Конкурс за доделување на Државната награда „8. Септември“ во 2017 година ←